Ван Хул во јуни стартува со производство

Bez autora
Apr 21 2013

Забрзано се гради фабриката за производство на автобуси на "Ван Хул" во слободната индустриска зона "Бунарџик 2". Погонот кој белгискиот инвеститор почна да го гради на крајот на минатата година, кој воедно е најголем по површина од сите фабрики на странски инвеститори, го добива својот лик. Од она што го забележавме на терен, објектот е целосно покриен и веќе се почнати градежните работи во внатрешниот дел на фабриката. Според најавите, производството треба да стартува најдоцна до јуни годинава, а вредноста на вкупната инвестиција ќе достигне до 30 милиони евра. Во фабриката до крајот на годината треба да бидат произведени првите 50 автобуси кои што ќе се возат во САД.

Ван Хул во јуни стартува со производствоЗабрзано се гради фабриката за производство на автобуси на "Ван Хул" во слободната индустриска зона "Бунарџик 2".

Погонот кој белгискиот инвеститор почна да го гради на крајот на минатата година, кој воедно е најголем по површина од сите фабрики на странски инвеститори, го добива својот лик. Од она што го забележавме на терен, објектот е целосно покриен и веќе се почнати градежните работи во внатрешниот дел на фабриката.

Според најавите, производството треба да стартува најдоцна до јуни годинава, а вредноста на вкупната инвестиција ќе достигне до 30 милиони евра. Во фабриката до крајот на годината треба да бидат произведени првите 50 автобуси кои што ќе се возат во САД.

За неполна година откако белгиски "Ван Хул" го постави камен темелникот на својата фабрика во Македонија, не може, а да не се забележи огромниот објект кој е скоро изграден во Бунарџик. Ова е прв објект со ваква големина кој е изграден во Македонија во последните неколку години, откако Владата активно почна да работи на привлекување на странски инвеститори.

Со оглед на тоа што инвеститорот е притиснат од времето, бидејќи пред крајот на годината треба да ја испорачаат првата тура на автобуси за американскиот пазар, за многу кратко време може да се очекува да започнат со монтирање на опремата и пробно производство.

- Имаме намера да почнеме со производство на првите серии во јули, но очекувам нормално ниво на производство да постигнеме во октомври-ноември. Засега планираме да се вработат околу 220-250 луѓе, но во следните две години ќе го зголемиме бројот на 400-500 вработени - изјави извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хоол, на почетокот на изградбата на фабриката во "Бунарџик" минатата година.

Компанијата пред два месеци го објави првиот оглас за вработување 35 луѓе во фабриката, а се бараат електричари, механичари, леари. Според бизнис-планот на компанијата, на почеток автобусите ќе се извезуваат само на американскиот пазар, а по една година се планира да се прошири производството и со европски верзии на возилата и градски автобуси. За 2013 година е планирано да се произведат 50 автобуси, 250 автобуси се планирани за наредната година, а 250-300 за 2015 година. Потоа ќе преминат на 500.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik